Утрински Весник
Магазин

„Спајс грлс“ навестува нешто за 25-годишнината

„Спајс грлс“ навестува нешто за 25-годишнината

Членките на некогашниот мегапопуларен бенд „Спајс грлс“ ќе ја прослават годишницата в година, изјави 46-годишната Мелани Ц коментирајќи ја веста дека таа, Гери Халивер, Мел Б, Ема Бантон и Викторија Бекам дискутирале на оваа тема претходно оваа година.

Мелани рече: „Ние имаме наша група на WhatsApp и си разговараме, но не можам да кажам ништо повеќе за тоа“.

Мелани, која водеше битка со депресија и нарушувања во исхраната, призна дека минатата година била загрижена оти ќе дека мора повторно да стане „спорти спајс“ или спортски зачин за се приклучи на групата, но на крајот го прифатила своето алтер его на поп-sвезда и си поминала одлично за време на турнејата во 2019 година.

„Враќањето назад не е само да се вратиш за да бидеш со девојките, што вушност е одлично. Тоа исто така значи да се вратиш на оние емоции кога настапувавме во бендот,“ рече Мелани за магазинот„Ју“.

„Турнејата за обединување беше волшебна. Фановите беа таму за да си поминат најдобро и изгледаа фантастично. Пеевме и на сонце и на дожд. Од сите турнеи, за мене – оваа беше најпосебна“.

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста