Утрински Весник
Свет

Спасувачите пронајдоа тела на 20 патници од паднатиот авион во Непал

Dik 300x250 mk

Спасувачите во Непал пронајдоа тела на 20 од вкупно 22 патници на малиот авион што се урна во оддалечен северозападен регион во неделата, изјави денеска претставник на службата за цивилна авијација во главниот град Катманду.

„Во тек се напори за транспорт на телата на жртвите во Катманду“, изјави Текнат Ситаула, портпарол на меѓународниот аеродром „Трибуван“ во главниот град на Непал, за „Ројтерс“.

Четворица Индијци, двајца Германци и 16 Непалци биле патници на DHC-6-300 Twin Otter, сопственост на приватната компанија „Тара ер“, потврдија државните власти.

Малиот авион полетал од туристичкиот град Похара, 125 километри западно од главниот Катманду кон Џомсом и бил во воздухот 20-ина минути пред да се изгуби контактот меѓу леталото и контролата на летање.

Можете да прочитате

Трамп најави договор за намалување на цените на водечки лекови за дебелина

Германскиот челичен сектор во „егзистенцијална криза“, предупреди Мерц

Во Украина изречена прва доживотна казна за руски војник поради егзекуција на воен заробеник