Утрински Весник
Македонија

Спасов бил уапсен во Софија по пријава за семејно насилство

Спасов бил уапсен во Софија по пријава за семејно насилство

По пријава за семејно насилство, полицијата во Софија го уапси специјалецот Игор Спасов осуден за убиството на Мартин Нешковски во 2011 година.

Случајот со семејното насилство во бугарската полиција го пријавила жената со која живеел Спасов, јави Бугарското национално радио.

По пријавата, полицијата открила дека тој е баран од Интерпол за убиство во Македонија. Засега не е познато дали жената што го пријавила Спасов знаела за убиството.

Бугарското национално радио известува дека Спасов влегол во Бугарија откако некое време живеел во Турција, а во моментот се утврдува кога и како влегол во земјата.

Спасов беше приведен вчера и спроведен во притвор, по што ќе треба да биде екстрадиран во Македонија.

Убиството на Мартин Нешковски се случи вечерта по прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори во 2011 година.

Казната затвор, Спасов ја издржува од 2011 година, а му беше ставена во прекин во 2018 година поради здравствени проблеми. Потоа, тој избега. Спасов требаше да се јави во затворот „Идризово“ на 18 октомври 2019 година. Се бараше на територија на државата, но откако истражните органи не го пронајдоа и немаа никаква дојава за него, на крајот на октомври 2019 година МВР распиша меѓународна потерница по него.

Јавното обвинителство во Штип во 2019 отвори и истрага за да утврди кој сè е вмешан, но и како Спасов успеал да ја напушти државата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор