Утрински Весник
Македонија

Спасовски – Јан Коп: Да се искористат холандските искуства во борбата против компјутерскиот криминал

Спасовски – Јан Коп: Да се искористат холандските искуства во борбата против компјутерскиот криминал

Во Министерството за внатрешни работи денеска се одржа средба помеѓу министерот Оливер Спасовски и холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп.

Како што информираат од ресорното министерство, на средбата била потенцирана соработката меѓу двете земји во борбата против тероризмот и активностите за дерадикализација на борци повратници од странските боишта.

Посебен акцент бил ставен на важноста од продлабочување на соработката на полето на борбата против компјутерскиот криминал, во кој Холандија е лидер во светот и претставува репер за успешна борба против овој вид на криминал.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вечерва девојка падна од зграда во Тетово

(ВИДЕО) Репортажа од која срцето ќе ви заплаче

Сиљановска-Давкова: Научените лекции од Кочани ги претвораме во системски мерки