Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Четири српски хеликоптери им се приклучуваат на нашите два

Спасовски: Четири српски хеликоптери им се приклучуваат на нашите два

Српските власти ни испратија четири хеликоптери за гаснење на пожарите, кои ќе се приклучат на нашите два и ќе сториме сѐ што можеме да ја спречиме огнената стихија низ државата, објави на социјалните мрежи, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Голема благодарност до Република Србија, која повторно се покажа како сосед за пример, подавајќи рака кога ни е најтешко и до министерот Александар Вулин лично, за денешната посета, поддршка и помош за Република Северна Македонија, за нашите граѓани – особено е значајно кога човек во неволја не е оставен сам на себе. Затоа се со нас нашите пријатели, затоа ние сме со нашите граѓани“, порача Спасовски.

Министерот нагласува дека благодарение на функционалноста на системот и на професионалноста на службите (пожарникарите, полицијата, армијата), но и на смиреноста и солидарноста на граѓаните, ситуацијата е ставена под контрола.

„Будно ја следиме состојбата, со сите ангажирани расположливи капацитети и со оние кои допрва ќе стигнат од нашите пријатели и сојузници. Материјалната штета повторно заеднички ќе ја надоместиме, а безбедноста на граѓаните останува наш најголем приоритет“, посочи министерот Спасовски на социјалните мрежи.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа