Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Трудот на секој работник мора да биде ценет и од работодавците и од државата

Спасовски: Корона-кризата покажа дека институциите на системот функционираат добро

Скопје, 1 мај 2020 (МИА) – Вонредната состојба и коронавирусот нема да не спречи да го славиме трудот на работничките и работниците затоа што тие се силата за развојот на нашето општество. Затоа креиравме мерки кои во врвот на приоритетите ги ставаат одржувањето на работните места и платите на вработените, истакнува премиерот Оливер Спасовски во честитката по повод Меѓународниот ден на трудот.

– Оваа година Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај, празникот на работничките и работниците, го славиме во вонредна состојба заради последиците што ги донесе економско-здравствената криза од коронавирусот. Освен здравјето на луѓето, кризата се закани да загрози илјадници работни места и затоа Владата на Република Северна Македонија го стави здравјето на сите граѓани на врвното место во борбата за справување со коронавирусот и веднаш донесе мерки за зачувување на работните места и за безбедноста при работењето, вели Спасовски.

Изразува благодарност за придонесот на работниците што и во услови на пандемија учествуваат во одржливоста на стопанството и виталните дејности на земјава.

– Овој вонреден напор, труд и ангажман на секој работник мора да биде ценет и од работодавците и од државата. Во име на Владата, им оддавам огромно признание на сите работници во земјата кои уште еднаш ни ја покажаа вредноста на трудот и на солидарноста. Посебна благодарност упатувам на здравствените работнички и работници, како и на вработените во полицијата и армијата, кои од првата линија на справувањето со кризата, ги создаваат условите да го уредиме нашето секојдневие во новата нормала и за напредок на нашата држава, наведува Спасовски во честитката. бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Починатиот Александар ниту работел во „Пулс“, ниту имал здравствено осигурување додека се водел како управител на фирмата

Македонски државјавин уапсен во Србија за шверц на електронски цигари

Мицкоски: Вложуваме во образованието со триесетина проекти со вредност од над една милијарда денари