Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Спасовски: Со Николов како градоначалник Штип ќе биде рамо до рамо со европските градови

Спасовски: Со Николов како градоначалник Штип ќе биде рамо до рамо со европските градови
Img 7972

Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски попладнево беше на средба со граѓани на општина Штип, каде пред пристуните рече декa Штип заслужува да има градоначалник со полн легитимитет и со мандат даден од граѓаните.

„Три години Штип чекори по исправниот пат, по патот на напредокот и развојот. Со Сашко Николов Штип ќе го продолжи тој пат, носејќи го Штип рамо до рамо со европските градови. Со Николов како градоначалник ќе продолжи одговорната работа и реализацијата на проекти во интерес на граѓаните“, порача Спасовски.

Потпретседателот на СДСМ ја поздрави и посветеноста на Николов во борбата против коронвирусот и ги повика граѓаните на Штип на 13 декември да дадат поддршка и да гласаат за број два, за, како што рече, Штип да остане во сигурни раце.

„За поздравување е иницијативата на Сашко Николов за обезбедување бесплатни заштитни маски за сите граѓани додека трае ковид-кризата.Отварање на доброволен фонд за оваа намена ќе им помогне на штипјани уште поревносно да ги почитуваат заштитните мерки. На 13 гласајте за бројот 2, гласајте за Штип да остане во сигурни раце“, истакна Спасовски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Разговор Давкова – Радев: Македонија подготвена да ѝ помогне на Бугарија во справување со поплавите

Утре и во вторник (6/7 октомври) нови обилни врнежи, на планините снег!

Мицкоски ги повика кумановци да гласаат за Максим Димитриевски