Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Слободата на медиумите и на изразувањето останува константа и суштинска потреба и во време на вонредната состојба

Спасовски: Слободата на медиумите и на изразувањето останува константа и суштинска потреба и во време на вонредната состојба

Скопје, 3 мај 2020 (МИА) – Слободата на медиумите и на изразувањето останува константа и суштинска потреба и во време на вонредната состојба кога заради неизвесноста и опасностите од Ковид-19 од корен се промени нашиот живот и секојдневие, наведе на неговиот фејсбук-профил техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Тој истакна дека оваа година Светскиот ден на слободата на медиумите го одбележуваме со уште појасно сознание и уште посилна определба дека медиумите и новинарите имаат клучна улога и посебен придонес во обезбедувањето навремени, точни и доверливи информации за јавноста кои во овие услови, како што посочи, не се нужни само заради демократијата туку и за спасување човечки животи.

– Во таа насока, со честитките по повод Светскиот ден на слободата на медиумите, оваа година оддаваме поддршка, признание и благодарност на новинарите, медиумските работници и медиумите за нивниот придонес со независно и одговорно известување да бидат дел од заедничкиот одговор во справувањето со заканата од коронавирусот, потенцираше премиерот.см/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ФЗО ќе го покрие лекувањето на Леонид Индов

Фити: Идејата на ВЛЕН е небулозна, во МАНУ имаме четири членови од албанска националност

Го нашле на Клиника: Приведен криминалец баран со потерница за казна затвор од четири години