Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Сите треба да бидеме на висина на сопствената одговорност 

Спасовски: Сите треба да бидеме на висина на сопствената одговорност 

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски утринава во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ апелираше до сите граѓани да се однесуваат одговорно во новонастаната ситуација со коронавирусот. Тој апелираше до работниците да не ги злоупотребуваат мерките за отсуство од работа, а до работодавачите да ги почитуваат препораките.

– Повеќе од сигурно е дека треба да бидеме сите на висина на сопствената одговорност. Затоа апелираме до граѓаните да бидеме сите одговорни и да ги почитуваме препораките. Да биде одговорна бизнис заедницата во однос на хигиената и да ги почитуваат препораките колку што им дозволува производствениот процес. Апелирам и на одговорност од родителите, бидејќи имавме ситуации кога и едниот и другиот родител сакаат да го користат правото за отсуство. Затоа ги допрецизиравме одредбите дека ако треба ќе бидат повикани на работа. Ова не е состојба за искористување, рече Спасовски.

Додаде дека во овие услови во кои сите се бориме со справуавње со состојбата, никој не смее да биде тој кој ќе профитира на грбот на граѓаните.

За државните резерви, Спасовски рече дека има доволни и оти во одреден момент може да бидат искористени за потребите на граѓаните. – Сега сме далеку од тоа, истакна Спасовски, апелирајќи до граѓаните дека сега нема потреба се што имаат во домашниот буџет да го искористат за складирање на прехранбени продукти.

– Државата во овој момент е на ниско ниво, уште сме во зелена фаза и не треба да создаваме дополнителни паника и да ги празниме рафтовите. Државните резерви има и во одреден момент може да бидат иркоситени за потребите на граѓаните, рече Спасовски.

На денешната лидерска средба што треба да се одржи во Владата, Спасовски очекува да се покаже единство и одговорност од сите политички субјекти.

– Во светот нема поважна работа од здравјето и животот на граѓаните. На оваа лидерска средба треба да разговараме во однос на мерките, да слушнеме предлози, да бидеме единствени, да повикаме на одговорност и на партиите од власта и од опозицијата и најважно од се денеска да изненадиме со нашата одговорност и со единство во однос на здравјето и животот на граѓаните, истакна Спасовски.

Според него, во оваа ситуација треба да се покаже дека може да се надминат политиканството и надмудрувањата кога е во прашање животот на нашите деца.

– Сите да бидеме дел од приказната и сите заедно да допринесеме во оваа состојба, порача Спасовски. бак/сп/ 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СЕОУГС Васил Антевски Дрен, Скопје – лауреат за Европската награда за иновативна настава (EITA) за 2024 година

НИ СЛЕДУВААТ УМЕРЕНИ ДО ЈАКИ МРАЗЕВИ: Температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени!

(Видео) Подкаст Зрак со д-р Марина оваа недела посветен на борбата со ракот на дојка