Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Се соочивме со саботажа од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски но истата не успеа

9cb75972 B076 4ec3 Aaff A51fd4e32f83

МВР уапси криминална група чии членови биле вработени во управната служба на МВР кои пак издавале патни исправи злоупотребувајќи туѓ идентитет.

„Кон почетокот на 2019 воспоставена е криминалистичка истрага за лица вработени во управните служби при МВР, како референти и контролори, кои издавале македонски патни исправи за лица странски државјани употребувајќи туѓ идентитет, а пред тоа лицата немале биометриски лични документи“ – изјави Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи.

215 лица, од кои 214 странски државјани и еден македонски државјанин се здобиле со патна исправа под туѓ идентитет. Едно лице било посредник меѓу барателите и службените лица.

„Беше утврдено дека станува збор за лица кои се од меѓународни криминални групи, нарко картели, односно лица со висок ризик и лица со потерница под туѓ идентитет“ – додаде Спасовски.

Обвинети се 10 лица, 9 се приведени, a по едно се трага.

„Бадијала се трудат. Нема да застанеме ниту да не поколебате. Се соочивме со саботажа од ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски но истата не успеа. Со тоа се можеше да се загрози се што беше сработено во период од повеќе од една година“. -додаде Спасовски.

 

Можете да прочитате

Николоски: Ќе се гради алтернативен пат на трасата Тетово – Гостивар за да не се отсечат жителите од Полог

Гаши: Газењето на државни знамиња е напад врз сите етнички заедници

Адвокатот Митровски: За палењето на македонското знаме може да се одговара и до пет години затвор