Утрински Весник
Македонија

Спасовски-Предан: Безрезервна поддршка на Словенија за наше поскоро отпочнување на претпристапните преговори со Унијата

Спасовски-Предан: Безрезервна поддршка на Словенија за наше поскоро отпочнување на претпристапните преговори со Унијата

Денеска во МВР, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имаше средба со амбасадорот на Република Словенија во нашата земја, Н.Е. Милан Предан.

Во фокусот на разговорите, покрај заедничката оценка за досегашната извонредно квалитетна и блиска билатерална соработка меѓу двете земји, во многу области од заеднички интерес, беа и процесите околу евроинтеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ, односно безрезервната поддршка на Словенија во насока на наше поскорешно отпочнување со претпристапните преговори со Унијата. Во тој контекст, министерот Спасовски ја поздрави и се заблагодари за таквата континуирана поддршка на Словенија во изминативе децении, потенцирајќи ја и поддршката во делот на конечното наше полноправно асоцирање во НАТО алијансата.

Дополнително, како доказ за меѓусебното пратнерство и блискоста беше апострофирана и помошта и поддршката што ја имавме околу успешното справување, особено во текот на т.н. прв бран од пандемијата предизвикана од „Ковид – 19“.

Воедно, двајцата соговорници го потенцираа и партнерството во безбедносната сфера, односно во сегментот на спроведувањето на законите, пред сѐ меѓу ресорите за внатрешни работи на двете земји, особено со учеството на словенечките полициски службеници во заеднички операции со колегите од Република Северна Македонија за спречување на илегалната миграција и поголема контрола на нашата јужна државна граница.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!