Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Прво Совет за безбедност, па зависно од состојбата и средба на партиските лидери за изборите

Спасовски: Прво Совет за безбедност, па зависно од состојбата и средба на партиските лидери за изборите

Скопје, 16 март 2020 (МИА) – Секако дека лидерите на политичките партии ќе се соберат за да можат  заедно да ја донесат одлуката за одложување на изборите, рече денеска премиерот Оливер Спасовски, но не прецизира кога тоа ќе се случи, дали денеска, утре,…

-Сигурно ќе се случи навмре за да се донесе таа одлука. Денеска прво ќе завршиме со Советот за безбедност. И на лидерската средба минатиот пат се договоривме дека се што ќе произлезе од развојот на ситуацијата, ќе носиме повторно одлуки, истакна Спасовски во изјава за Телевизија 24.

Во врска со актуелната состојба со коронавирусот, премиерот повторно апелира граѓаните да се придржуваат до препораките и мерките за заштита и да останат дома.

-Апелирам да се почитуваат препораките на Владата, да не се патува, секој да придоенсе за подобрување на состојбата. Да не се групираме, младите да не бараат алтернативни места за собирање, сите да помогнеме, прво на себе, а потоа и на семејствата и на државата, потенцира Спасовски. мч/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Активни се 11 пожари, од нив само еден е под контрола, информира ЦУК

Support Kocani: Денес e донирана и втората пратка компресивна облека на Општата болница во Кочани

СДСМ: Морбидни обивнувања на Мицкоски и измислени приказни за пожарите