Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Останете дома, почитувајте ги рестрикциите за да го запреме вирусот

Спасовски: Останете дома, почитувајте ги рестрикциите за да го запреме вирусот

Скопје, 22 март 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски попладнево на својот фејсбук профил изрази сочувство до семејството на 57-годишната жена од Куманово, која почина од КОВИД-19.

– За жал, во доцните часови на минатата ноќ, од последици предизвикани од коронавирусот, ја добивме првата жртва. Сочувствувам со семејството на починатата, моја сограѓанка од Куманово. Сите мои мисли се сега со нејзиниот син во неговата борба со вирусот, напиша Спасовски.

Знаевме, наведува тој, дека овој подмолен вирус зема жртви.

– Ги преземаме сите можни мерки и активности за да го спречиме ширењето, да ги намалиме последиците. Останува и понатаму нашиот, мојот силен апел: Останете дома, почитувајте ги рестрикциите и учествувајте сите во битката да го запреме вирусот. Да му ги одземеме можностите да се шири. Нема потреба од паника. Бидете трпеливи, храбри и разумни, напиша Спасовски на фејсбук. мд/сст/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме