Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Оставката од Чулев морален чин, непочитувањето одлуки и неактивирање на полицијата бара одговорност

Спасовски: Оставката од Чулев морален чин, непочитувањето одлуки и неактивирање на полицијата бара одговорност

Скопје, 9 мај 2020 (МИА) – Оставка од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев во врска со  одржаната литија во Струга според премиерот Оливер Спасовски е морален чин. Непочитување на одлуките, неактивирање на полициски службеници да преземат соодветни мерки, секако дека бара и одговорност, смета премиерот.

-Донесовме заклучоци и побаравме сите надлежни институции целосно да го расветлат целиот овој случај и за организаторите, за оние што присуствувале, оние кои не ги почитуваат одлуките на Владата и со тоа директно го доведуваат во прашање животот и здравјето на граѓаните да се отворат постапки. Побарвме и да се отвори постапка и во делот на организација на настанот во МВР, рече премиерот денеска одговорајќи на новинарски прашања по обраќањето  пред Споменикот на ослободителите на Скопје во дворот на Владата на Република Северна Македонија, а по повод 9 Мај.

Според него секако оставката е морален чин. -Ние, додаде, се наоѓаме во време што е ненормално, време кое не изместува сите нас од обичниот начин на живеење и време кое ќе бара нова нормалност во идниот период. Непочитувањето на одлуките, неактивирање на полициски службеници тоа го казнуваат да се преземаат соодветни мерки, секако дека бара и одговорност.скс/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Стипендии за студенти на УКЛО од семејства со ниски приходи

До петок стабилно и сончево – викендов снег

Мајката-херој се борела со стерилитет, во бракот со сопругот 37 години се труделе да добијат деца