Утрински Весник
Политички Партии

Спасовски: Осми март е симбол на борбата за сите права и за еднаквост на жените во целиот свет

Спасовски: Осми март е симбол на борбата за сите права и за еднаквост на жените во целиот свет

Скопје, 8 март 2020 (МИА) – Меѓународниот ден на жената – 8 Март е симбол на борбата за сите права и за еднаквост на жените во целиот свет. Празникот не повикува да продолжиме да ги совладуваме конзервативните и застарени принципи за улогата на жената, истакна во своето видео обраќање премиерот Оливер Спасовски по повод денешниот празник.

Според Спасовски, празникот повикува да продолжиме да ги совладуваме конзервативните и застарени принципи за улогата на жената. Да ги менуваме тие принципи и да останеме посветени на тоа сѐ до постигнување на целосната правична родова еднаквост.

Постигнувањето на еднаквоста, како што истакна, бара постојаност и упорност од сите нас, а клучната улога во тој процес имаат доброто образование, особено темите за родова еднаквост и недискриминација.

Посебно место меѓу приоритетите, според него, се и економската и социјалната рамноправност.

– Да не престанеме да се залагаме за создавање услови за економски самостојни девојки и жени. Тоа се услови за нашите мајки, сопруги и ќерки полесно да се справуваат со дискриминацијата, насилството и сиромаштијата. Општеството ќе се движи напред со еманципирани жени и девојки. Само на тој начин и со заеднички заложби и учество во овие процеси ќе го зајакнеме општеството на еднакви граѓани и граѓанки по сите основи. Честит 8 март за родово еднакво општество, истакна премиерот Спасовски. бт/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт