Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Оние кои не ги почитуваат мерките ги ризикуваат своите, но и животите на нивните семејства

Спасовски: Оние кои не ги почитуваат мерките ги ризикуваат своите, но и животите на нивните семејства

Скопје, 15 март 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски уште еднаш ги повика граѓаните, особено младите, да ги почитуваат целосно мерките за заштита од коронавирусот бидејќи во спротивно ги ризикуваат своите, но и животите на нивните семејства.

Спасовски во вечерашното он-лајн интервју ги повика оние кои се уште однесуваат лагодно, и не го почитуваат своето семејство и го изложувата на ризик, да се приклучат на мерките.

– Сите треба да ги почитуваме мерките на епидемилозите, бидејќи само така можеме да се заштитиме, да останем здрави, да се справиме со состојбата и да не дојде до ширење на вирусот. Јавната свест е на ниско ниво и затоа мерките се зајакнати, целосно се затворени кафаните, рестораните, моловите, кладилниците за да влијаеме на граѓаните да го сменат своето однесување, истакна Спасовски и како пример ги наведе собирање на младите на Водно.

Вели дека полицијата превентивно реагира, но не може секаде да стигне и затоа апелира да се пријави секое поголемно собирање луѓе и јавно да им се укаже дека со тоа го ризикуватаат својот и животите на другите. Со таквото однесување, нагласи, се намалува и ефикасноста на мерките.

– Џабе е ако институцците преземаат мерки, а ние сме неодговрни и доведеме до поголено ширење на вирусот, порача Спасовски и апелира посебно до младите да останат дома и енергијата да ја насочат на кретивни начини во корист на државата и оштеството.

Тој истакна дека сите институции на државата функционираат со полн капацитет за спроведување на препораките и спречување на ширењето на вирусот.са/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

12-годишно дете од Петровец е заразено со морбили, семејството одбива хоспитализација

Училишен пробор се купува само со врски: По замзнувањето на цените маркетите во Охрид ги повлекоа производите од рафтовите

Британец пронајден мртов во хотел во Тетово