Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Од петок отворање на границите и аеродромите, угостителските објекти ќе работат и внатре

Спасовски: Им посакуваме успех на Вучиќ и СНС во новиот мандат
Dik 300x250 mk

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Владата денеска врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, донесе одлука од петок, 26 јуни 2020 година, целосно да бидат отворани сите гранични премини за непречено движење на патници и возила без приложување на ПСР-тестови и без упатување до домашна изолација или спроведување во задолжителен државен карантин, објави премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук.

Премиерот напиша и дека Владата денеска донела Одлука од петок, 26 јуни, да бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

-Согласно овие одлуки, Владата денеска донесе одлука да биде укината забраната за организиран превоз, која исто така стартува од 26 јуни, соопшти премиерот на фејсбук-профилот.

На денешната седница Владата донела и одлука, исто така од петок, 26 јуни, угостителските објеки да можат да работат и во внатрешноста на објектите преку соодветен протокол за работа.

Од петок, 26 јуни 2020 година, се дозволува и работата на теретаните и вежбалните, а моловите, од истиот датум, ќе можат да работат и во неделите.

-За сите овие одлуки до петок, 26 јуни 2020 година, кога започнува нивната важност, ќе бидат подготвени протоколи кои ќе бидат задолжителни за сите економски оператори и институции во чија надлежност се овие одлуки, напиша Спасовски на Фејсбук. хс/скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!