Утрински Весник
Македонија

Спасовски од Куманово: Одлуките ги носиме врз основа на препораките на стручните лица

Спасовски од Куманово: Одлуките ги носиме врз основа на препораките на стручните лица

Куманово, 15 април 2020 (МИА) – Има повеќе барања за прогласување на карантин не само од Куманово, туку и од други градови од државата, но одлуките се носат врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести и епидемиолозите, порача денеска премиерот Оливер Спасовски, кој заедно со вицепремиерот Бујар Османи и министри присуствуваа на денешната 31 седница на Општинскиот кризен штаб Куманово.

-Сите мерки што беа донесени се мерки врз основа на тие препораки, заради тоа што сметаме дека како Влада мораме пред се да ја слушнеме струката, тоа што го кажуваат лекарите, тоа што е најефикасно и во кој момент тоа треба да го правиме, да го направиме заеднички, изјави премиерот, одговарајќи на новинарски прашања дали ќе се прогласи карантин за Куманово, барање кое го упатува Општинскиот кризен штаб.

Спасовски апелираше до граѓаните да не се групираат и да оддржуваат социјална дистанца и за престојниот Велигден и ги повика гда прослават дома со најблиските, бидејќи на тој начин ќе се спречи ширењето на вирусот.

-Јас упатив порака пред неколку дена во која реков дека сега е моментот, велигденските празници сите заедно да ги прославиме дома во кругот на нашите семејства и во духот на нашата традиција. Ние немаме одлука за затворање на верски објекти, ниту за непрактикување на верата, заради тоа што тоа не може да се донесе, дури во ниту една состојба да се наоѓа државата, тоа е право кое што е неприкосновено. Меѓутоа, знаете дека имаме ставови, имаме одлуки и на МПЦ, Светиот синод, имаме ставови на ИВЗ, што се однесува до почитувањето на мерките на Владата во однос на оддржуавњето на социјаланата дистанца, одговори премиерот на новинарско прашање за тоа дали ќе се затворат црквите за Велигден, поради најавите дека ќе има  термини за причест.

Во Кумановската болница, изјави премиерот, денеска се прави дополнителен скрининг на сите вработени во болницата. Земени се 210 тестови за испитување и на тој начин и врз основа на одлуките кои ги носи Министерството за здравство и  менаџментот на болницата,  болницата функционира. Во некои одделенија можно е да има намален обем на работа и капацитет, додаде Спасовски, но и нагласи дека во болницата има 700 вработени, а позитивни се 44, што остава простор да функционира болницата. Тој додаде ќе се направи се, за да им се обезбеди на кумановци соодветна здравствена заштита. Спасовски потсети дека претходно се донесени лекари однадвор кои работат веќе две недели и на инфективното одделение се донесени лекари од Клиничкиот центар, конкурсите кои биле прекинати за прием на лекари, медицински персонал, дадена е насока да продолжат за да може да се активираат и тие.

-Не сум многу приврзаник на најстроги блокади, заради тоа што компарацијата Дебар и Куманово, 9.000 и 120.000 жители не е сосема иста. Меѓутоа ќе дискутираме за овие прашања во однос на затварањето целосно, 24 часовно на Куманово, ако е тоа мерка што ќе ја кажат и епидемиолозите и стручните луѓе во овој дел ќе ја донесеме и таа мерка се со цел да го заштитиме здравјето и животот, рече Спасовски.

Граѓаните, додаде, ќе бидат информирани кога ќе се донесат одлуките. Нема неизвесност, ова е вонредна состојба и не може да се очекува редовно носење на одлуките, посочи Спасовски и повика граѓаните да ги почитуваат одлуките, да држат социјална дистанца и да придонесат за надминување на оваа состојба.

На денешната седница, рече премиерот,  ќе се слушнат сите предлози, на стручните лица, барањата на штабот на 14 дневен карантин и ако тоа е најдобрата мерка, тогаш ќе се преземе

На штабот ќе се носат одлуки за спречување на пандемијата на подрачје на Куманово, ќе се размеант информации, ќе се разгледаат опции за поуспешно справување со кризата. Спасовски посака побрзо оздравување на заболените, изрази сочуство до семејствата на починатите и рече дека тоа е најголемата жртва која државата ја плаќа во овој момент.

-Ние како Влада навремено, пред многу држави од регионот воспоставивме мерки за превентива, за заштита кои што даваат резултати, ќе направиме се што треба да помогнеме и да го заштитиме животот и здравјето на граѓаните, бидејќи тоа е наш врвен  приоритет, порача Спасовски.

Тој нагласи дека Владата ќе помогне и на економијата и на работниците, на работодавачите, за да се надмине оваа криза. Уште еднаш апелираше до граѓаните да ги почитуваат препораките, аплеите, одлуките, бидејќи колку повеќе се почитуваат препораките, толку поголеми ќе бидат резултатите.

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека како владин координатор на општинските штабови присуствувал и на денешната седница на Советот на општина Куманово и директно ги слушнал ставовите на локалните власти за развојот на оваа состојба со пандемијата во Куманово и дека ги пренел ставовите на Владата и како да се координираат во иднина. И тој изрази сочуство до семејствата на починатите и посака брзо закрепнување на болните. Османи се заблагодари на здравствените работници, кои рече се прва одбранбена линија и го ризикуваат здравјето.

-Донесовме и одлука на штабот за поинтезивно тестирање на здравствените работници воопшто за проширување на обемот на тестирарањата. Тука сме заедно со премиерот да ги разгледаме новите барања на општините и  заеднички да ги усогласиме ставовите, како да ставиме стоп на патот на ширењето на болеста во Куманово, која што во моментов по број на жители има најголем број на заразени, а потоа тоа ќе го користиме и во другите општини, рече вицепремиерот.

Тој се заблагодари на Општинскиот кризен штаб, нагласувајќи дека секојдневно се состануваат, носат заклучоци, ги применуваат и се надева дека заеднички ќе се стави крај на оваа ситауција и дека ќе се вратиме во нормален живот.

Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски се заблагодари на владините претставници кои ќе присуствуваат на седницата на штабот. Тој потенцираше дека во Куманово има најголем процент на позитивни лица, според процентот на жители  и нагласи дека е потребно да се дејствува порестриктивно за да се спречи пикот со поголеми бројки. Димитриевски се заблагодари на медиумите кои објективно пренесуваат информации и на граѓаните кои ги почитуваат одлуките. И тој изрази сочуство до семејствата на починатите и ги охрабри граѓаните кои се заболени да сметаат на поддршката на Куманово.

Покрај владини претставници на штабот присуствуваат лекари, стручни лица од повеќе здравствени иснтитуции. ам/вј/

Изјави за медиуми пред состанок со општински кризен штаб во Куманово

Изјави за медиуми пред состанок со општински кризен штаб во Куманово

Posted by Oliver Spasovski on Среда, 15 април 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер