Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Одговорноста за бегството на Мијалков е во непостоењето на целосен систем

Спасовски: Одговорноста за бегството на Мијалков е во непостоењето на целосен систем

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ја презентираше својата верзија на настаните кои се случувале претходните три дена, поврзани со бегството на Сашо Мијалков. Тој има слична верзија за настаните како и обвинителката Вилма Русковска. Проверувани се и камери од објекти и снимки од улици и раскрсници. Што има на нив, Спасовски не сподели.

„Се сомневам дека постои крт во било која од институциите кои долги години беа под режимот. Не можеме да кажеме дали и кој тоа го прави, но дека има сомнежи има, во сите институции кои се надлежни, дека има протекување на информациите. Да чувствувам одговорност, треба да не е постапено кога добило информација. Ние сме постапиле. Ние мора да ја бараме одговорноста во непостоењето на целосен систем. Доколку имаме вакви сериозни пропусти на постапката во системот, не можеме да одиме напред. Мора да се знае за кои предмети, какви предмети да се даваат решенија за притвор. МВР извршува наредби од Обвинителство или суд. Не можеме да носиме одлуки. А зошто се чекало од 23 сабота вечер, да се бара притвор дури во недела во 14:30?“, рече Спасовски.

Спасовски направи хронологија на настаните.

„МВР продолжува по потрагата на Сашо Мијалков. Во тек се информативни разговори кои е можно да поседуваат информации или имаат врска со овој случај. Денеска дополнително се повикуваат и други лица. Одземени се телефони, документација и други предмети кои можат да послужат за овој случај. Проверени се камерите од Безбеден град, одземени се камери од објекти. Распишана е меѓународна потерница. Дозволете пред се, најкатегорично да ги отфрлам сите шпекулации за договори за било кого. МВР ги презеде сите мерки за обезбедување на лицето“, рече Спасовски.

Тој објасни што се случувало во саботата, кога Русковска првпат ги добила информациите дека можеби Мијалков ќе избега.

„Во саботата околу 12:30 часот добив повик од Вилма Русковска и ме извести дека Сашо Мијалков подготвува бегство. Иако можела да го извести судот, се договоривме да испрати документ до МВР да провериме дали имаме ние такви сознанија. Во 17 часот добивме известување во кое стои дека Русковска располага со информации дека Мијалков се подготвува да избега поради тоа што ќе добиел поголема затворска казна од посакуваната. Во 23 часот е испратено известување до ОЈО. Во 22:30 часот е издадено за пркриено полициско делување. Следење на лице без судска наредба не може да се направи“, објасни Спасовски.

Спасовски објасни дека МВР во 21:30 дознало дека Мијалков е недостапен за органите на прогонот.

„Во неделата се побарани дополнителни информации од БЈБ, но немало. Дадени се наредби за следење на излезите на градот. Во 18:40 минути е забележан кон Мериот, Мијалков со женско лице и три машки лица. Потоа три возила излегле од Мериот, но не можело да се види дали и Мијалков е внатре. Возилото се упатило кон улица Славејко Арсов. По решението за притвор, во 21:30 минути утврдено дека Мијалков не е таму. Извршени се проверки во три станови, сопственост на Мијалкови“, додава Спасовски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер