Утрински Весник
Економија

Спасовски: Не е прашање како ќе продолжиме после корона кризата, туку колку брзо ќе можеме да продолжиме со силна економска активност

Спасовски: Не е време за политчко профитерство на сметка на здравјето на граѓаните

Скопје, 18 април 2020 (МИА) – Првенствено рестриктивните мерки што ги носевме во изминатиот период беа насочени за заштита на здравјето и животот на луѓето бидејќи тоа е наша првенствена цел како Влада, нагласи премиерот Оливер Спасовски на денешната прес-конференција, додавајќи дека сите институции одговориле на висината на својата задача и одговорност.

Можеме да констратираме, потенцира тој, дека бројот на заболени во државата се во рамки на очекувањата  овој период. Спасовски смета дека мерките  на социјална и физичка дистанца  даваат најмногу резултати. Потсети дека беа подготвени и два пакета мерки  што беа директна помош за економијата, односно компаниите. Првиот сет беше наменет за оние што беа најмногу погодени во март, а тоа се компаниите во делот на туризмот, угостителстсвото  и во делот на транспортот, бидејќи, појасни Спасовски, последните две недели имаше одлуки што се однесуваа на забрана на работење на овие компании и токму преку кредитната линија која што беше отворена преку Банката за развој од 5,9 милиони  евра дадена е  поддршка на овие компании.

– Имаше два сета на носење одлука на склучување на договорите. Во првиот се опфатени вкупно околу 163 компании  или 1.737  вработени или вкупно во вредност од милион  263 илјади  и 79 евра. И 96 проценти од овие компании  се однесуваат на микро претпријатија  кои вработуваат до десет  вработени и на мали претпријатија кои вработуваат до 50 вработени, образложи премиерот.

Вториот сет на договори што  беше одобрени од банката  се 118 компании,  1.116 вработени во вкупна  вредност од 932.602 евра или вкупно има 254 компании што го искористиле овој сет мерки, некаде 2,2  милиони евра финансиска  поддршка  и опфаќаат околу 2.853 вработени.

– Ако ги погледнеме овие компании по структура  токму оваа поддршка оди кон  најмалите кон оние на коишто им е  потребна поддршка. Потоа 69 проценти од компаниите што склучија договор со развојната банка за безкаматен кредит се микро компании до десет вработени, 28 проценти  мали компании со околу  50 вработени и четири проценти  се средни компании што имаат до 250 вработени, рече Спасовски.

Вториот сет мерки што го донесовме и што започна да се имплементира, додаде, беше зголемување на економската  поддршка на сите компании во РСМ и тоа со две цели. Прво да се сочуваат работните места односно да се поддржат работниците и второ, истакна премиерот,  да им помогнеме генерално на компаниите  да имат ликвидност за да можат  да продолжат понатаму со  својата економска активност  бидејќи тоа ќе биде многу значајно  во периодот по завршувањето на  оваа здравствена криза.

-Не е прашањето како ќе продолжиме после тоа, прашањето е колку брзо ќе можеме да продолжиме  со  една силна економска активност за да и штетите и ефектите бидат помали, нагласи Спасовски.

Една од главните мерки е  поддршката на компаниите  во делот на исплатата на минималната  плата и тука, подвлече, со оваа мерка се опфаќаат 87 проценти  од компаниите  околу 250 илјади вработени  и таа мерка може да биде достапна за околу 35 илјади компании.

– Тоа е еден широк опфат. Дебатиравме два пати на економскиот совет во Владата ,дебатиравме неколку пати во Владата во  однос на овој сет мерки, ги утврдивме ги усогласивме. Сепак оставивме и тогаш простор  после понатаму низ гласањето на одлуките да  имаме одредени промени кои што се должат пред се на дебата разговорите коишто ги имаме и со стопанските комори и со синдикатите и со работниците  и на тој начин да ги усогласуваме сите овие мерки да  дадат најдобар можен ефект.  Секако дека за оваа мерка се донесе и Уредба на  Владата . Постојат одредени ограничувања  кои што треба да ги исполнат  критериуимите компании за да можат  да ја искористат оваа мерка  пред се да немаа поделено дивиденда  бонуси награди на  плати, појаснуваше премиерот Спасовски.

Понатаму, како што рече,10 проценти од компаниитејата да немаат плати поголеми од  120 илјади денари,  да имаат пад на приходот за  30 проценти во споредба со ист период, значи април  месец минатата година, за да може да ги искористат сите овие пооолности во делот на минималната  плата.

Сугестиите беа од компаниие обврската ги задржат работниците  до септември да ја скративме до јули. Тоа го направивме со цел и компаниите да имаат некаква сигурност, меѓутоа, вели, тоа не не обврзува да имаме нов сет мерки коишто и понатаму ќе им помага на компаниите.

Втората алтернативна мерка, посочи тој, е  да може одреден дел од компаниите да  искористат 50 проценти  од придонесите да им ги покрие државата и тоа се случува.

Активноста што ја направивме заедно со НБ на РСМ во делот на кредитите, носењето уредба, рече Спасовски, како и на кој начин  да се олесни се со цел да не се потпишуваат договорите со сите  оние што имаат кредити дали се тоа физички, правни лица, веќе се започна со оваа мерка.

– Одложувањето на извршувањето заради тоа што е многу значајно во овој момент сите  пари да може да се насочат кон граѓаните и  да не имаме состојба во која што ќе  може да се извршуваат финансиските средства. Дополнителни 50 милиони евра  поддршка на кредити преку  Развојната банка на Северна Македонија, говореше премиерот.

Исто така, напомена дека се донесени посебни уредби со кои се помага директно  на занаетчиите со  минималната плата, директно се помага на културните  работници, се помага  на работниците  на спортските работници.

-Сите ќе понесеме дел од товарот од оваа криза. Ова не е период во којшто некој ќе добие некој  ќе оствари профит. Јас често говорам  за тие профити, дали се  однесуваат на економски план, дали  на политички, дали на  кој било друг план  едноставно не е време за било каков профит, туку  сите заедно да бидеме насочени кон  успешно справување со целата оваа состојба така како што впрочем се поставивме сите ние во Владата, дециден е Спасовски. цр/вг/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија