Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Не е време за политчко профитерство на сметка на здравјето на граѓаните

Спасовски: Не е време за политчко профитерство на сметка на здравјето на граѓаните

Скопје, 15 март 2020 (МИА) – Не e време за политички профитерства или за профитирање во економијата, ниту, пак, во новинарството, порача премиерот Оливер Спасовски во вечерашното он лајн интервју.

– Ако на грбот на здравјето на граѓаните и на оваа ситуација се обиде некој од политичките лидери да добива поени, треба да знае дека најмногу ќе изгуби. Ако на некој лидер сега поважни му се политичките поени од животот и здравјето на граѓаните тоа е за секаква осуда. Апелирам сите да застанеме задно зад она што ни се случува, кажа Спасовски.

Вели дека многу членови на опозициските партии се одговорни и ги поддржуваат мерките и за тоа им благодари, но некои од водствата на опозицијата кажуваат декларативно дека ги поддржуваат, а потоа велат дека има несоодветно постапување.

-Не постојат партиски болници и партиски вирус, тој ги зафаќа сите луѓе. Апелирам политичките субјекти да се вразумат, а тоа значи да се почитуваат препораките и институциите и да покажеме дека здравјето и животот на луѓето е поважно од каква било политичка одлука и политичка цел, истакна Спасовски.

Потсети дека телефонски разговарал со политичките лидери и се договориле партиските активности да бидат во мораториум до 22 март.

-Тоа треба да се испочитува. Нивната порака треба да е порака на одговорност кон државата и граѓаните. Секој аспект на оваа криза треба да се цени и од аспект на тоа треба да се носат одлуки и за изборите и за се друго што ќе следува, изјави Спасовски.

Повика и на одговорно и професионално медиумско известување во сегашната кризна ситуација со коронавирусот, а граѓаните да се информираат од официјални извори и преку институциите.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Следната недела разговори за зголемување на минималната плата

УХМР: Од петок студен бран во Македонија – се очекуваат поројни дождови

Уште еден земјотрес ја стресе Македонија