Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Неопходни се брзи избори за обезбедување стабилни институции

Спасовски: Неопходни се брзи избори за обезбедување стабилни институции

Скопје, 26 мај 2020 (МИА) – Датумот на изборите е детерминиран со уредбата со законска сила која има важење  до завршување на вонредната состојба. Во оној момент кога ќе заврши вонредната состојба за 22 дена треба да се одржат избори и тоа е фактичка состојба. Затоа треба да се реализираат изборите во првиот можен рок. Мораме да бидеме принципиелни, а изборите да бидат во оној момент кога ќе има најмногу  создадени услови,  порача денеска премиерот Оливер Спасовски.

Тој истакна дека на македонската демократија и на македонскиот развој им требаат стабилни институции и колку што е можно побрзо враќање на нормалниот колосек на функционирање на државата, а на македонските граѓани им треба функционално Собрание.

Една од одговорностите на Владата, потенцираше, е да направи се колку што е можно побргу да им ја обезбеди новата нормалност на сите граѓани

-Сите што се спротивставуваат  на новата нормалност придонесуваат земјата да ни остане во  здравствено економската криза, а тоа не е одговорно однесување, посочи Спасовски, на прес-конференцијата на која беше објавено олабавување на рестриктивните мерки за вирусот КОВИД-19. вј/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме