Утрински Весник
Политички Партии

Спасовски: Негативната изборна кампања е неодговорна кон граѓаните

Спасовски: Негативната изборна кампања е неодговорна кон граѓаните

Скопје, 7 март 2020 (МИА) –  Водењето негативна изборна кампања е неодговорно кон граѓаните. Да излеземе со позитивна кампања, да покажеме кои политики ќе ги реализирам и врз основа на тоа граѓаните да носат одлуки, апелираше денеска до сите политички субјекти техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Коментирајќи ја можноста за негативна и жестока кампања и  подготвеноста на Владата да спроведе фер и демократски избори, Спасовски вели дека Владата и институциите се подготвени да создадат амбиент за граѓаните да донесат слободна одлука на фер и демократска основа.

– Не е само Владата или институциите на системот таа што може да придонесе за фер кампања. Неколку пати апелирам и ќе го повторам апелот до политичките субјекти, да излезат пред избирачите и врз основа на концепти да дозволат да одлучуваат граѓаните. Мора да имаме програми, тие концепти да бидат спротивставени и на основа на таа борба на концепти да биде донесена вистинската одлука, изјави Спасовски на прес-конференција во Владата, за последните податоци за растот на БДП.аа/лв/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт