Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Нашите млади наследници од иднината, од нивната иднина во ЕУ ја споделија со сите нас радоста на музичката солидарност

Спасовски: Корона-кризата покажа дека институциите на системот функционираат добро

Скопје, 9 мај 2020 (МИА) – Нема поубава и понадежна порака од оваа на децата од Основното училиште „Коле Неделковски“ од Скопје, сите ученици и во Државното музичко балетско училиште „Илија Николовски Луј“ и нивната изведба на химната на Европската Унија „Ода на радоста“, објави премиерот Оливер Спсовски по повод 9 Мај – Денот на Европа, на својот фејсбук профил.

Нека ни е за многу години 9 Мај – Денот на Европа!

Нема поубава и понадежна порака од оваа на децата од Основното училиште „Коле Неделковски“ од Скопје, сите ученици и во Државното музичко балетско училиште „Илија Николовски Луј“ и нивната изведба на химната на Европската Унија „Ода на радоста“.На Денот на Европа овие наши млади наследници од иднината, од нивната иднина во Европската Унија, ја споделија со сите нас радоста на музичката солидарност во време кога надежта ни е најпотребна и која тие ја собраа и ни ја подарија под менторство на професорката Марија Ѓошевска.Со нејзиниот аранжман и во изведба на Ведран Андреевски на пијано (во класа на проф.Борис Светиев), на Мила Андреевска на виолончело (во класата на проф.Маре Видевска), на Ана Котевска на виолина (во класата на проф.Олгица Здравковска), и на Дарија Мандариќ на пијано (во класа на проф. Славица Мицовска), го славиме денеска големиот ден – Нека ни е за многу години 9 Мај – Денот на Европа!

Posted by Oliver Spasovski on Петок, 08 мај 2020

-На Денот на Европа овие наши млади наследници од иднината, од нивната иднина во Европската Унија, ја споделија со сите нас радоста на музичката солидарност во време кога надежта ни е најпотребна и која тие ја собраа и ни ја подарија под менторство на професорката Марија Ѓошевска.

Со нејзиниот аранжман и во изведба на Ведран Андреевски на пијано (во класа на проф.Борис Светиев), на Мила Андреевска на виолончело (во класата на проф.Маре Видевска), на Ана Котевска на виолина (во класата на проф.Олгица Здравковска), и на Дарија Мандариќ на пијано (во класа на проф. Славица Мицовска), го славиме денеска големиот ден – Нека ни е за многу години 9 Мај – Денот на Европа!,објави премиерот.скс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Компанијата dm drogerie markt ги предупредува граѓаните да не веруваат во информации кои се споделуваат за измами со повлекување на пари од сметка и лажни наградни игри!

352 лица ја минаа дводневната обука за пожарникари, утре ќе потпишат договори за работен ангажман

Принудно слетување на авион на „Wizz Air“ во Скопје по удар во јато птици