Во рамки на активностите за следење на имплементацијата на проектите кои се дел од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше средба со Мојца Кузмички , проектен лидер во рамки на проектот ,,ЕУ поддршка за владеење на правото“-ИПА 2020 и лидерот на компонентата 2, Гунтер Бехтлоф.
На состанокот покрај министерот Спасовски учествуваа и помошник директорот од Одделот за криминалистичка полиција, Оливер Лукароски и началникот на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Ветон Кранлиевски а целта беше кратка презентација и запознавање со проектот кој што започна со имплементација на 18 јануари 2021 година и ќе трае 5 години.
Министерот Спасовски на средбата истакна дека му претставува задоволство што како имплементатор на активностите во рамките на компонентата 2 од проектот се јавува токму Министерството за внатрешни работи на Република Австрија, со кое веќе имаме воспоставено одлични односи.
,,Владеењето на правото и борбата против организираниот криминал претставуваат врвен приоритет за секоја современа држава, во таа насока Република Северна Македонија вложува максимални напори да обезбеди непречено владеење на правото и спроведување на законите“, истакна Спасовски.
Кузмички кажа дека општата цел на проектот е поддршка на владеењето на правото во согласност со европските и меѓународните стандарди.
За време на средбата беа презентирани активностите предвидени во рамките на компонентата 2, каде што Министерството за внатрешни работи е главен координатор и краен корисник и беа презентирани досега преземените активности и резултатите од истите, како и идните активности кои се планирани да се спроведат почнувајќи од следната недела.
Министерот Спасовски истакна дека Проектот ,,ЕУ поддршка за владеењето на правото“ е од исклучителна важност за нас и дека со имплементацијата на активностите предвидени во рамките на овој проект значително ќе се зајакнат капацитетите на институциите за спроведување на законот вклучително и на Министерството за внатрешни работи, при што на крајот од средбата и двајцата соговорници изразија уверување дека соработката ќе продложи и во иднина со зајакнат интензитет.