Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Ирелвантно е каде се сместни лицата во државен каранитн

Спасовски: Ирелвантно е каде се сместни лицата во државен каранитн

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Ирелвантно е каде се сместни лицата во државен каранитн, важно е дека мора да останат и да се изолираат 14 дена и на тој начин да го намалиме ризикот од ширење на кронавирусот. Во овој момент нема поважна работа од тоа дека треба да ги заштитиме нашите семејства и нашите граѓани, не може да биде поважно какви се собите и какви се условите во кои се спроведува државниот карантин иако секаде има добри усови, со добра храна и со добра организација, порача денеска премиерот Оливер Спасовски.

– Најважно е секој од нас да помисли што треба да направи најмалку за себе и за државата во овие моменти на вонредна состојба. Овие луѓе се дојдени од критичните подрачја, но не се луѓе кои се заболени, туку треба да бидат контролирани во самоизолација со цел да спречиме евентуално понатамошно ширење на вирусот. Треба да го имаат истото разбирање кога се наоѓаат во државен карантин како што беа во моментите кога сакаа или бараа од Владата да се вратат назад во нашата земја. Направивме се и понатаму ќе правиме се за сите наши граѓани, но најмалку што треба да прават тие е да бидат коректни и да бидат на ниво на одговорноста во оваа ситуација. Сега е вонредна состојба и сите имаме одговорност пред нас, пред граѓаните и државата, рече Спасовски во одговор напрашање на денешната прес-конференција.

Тој ги повика лицата кои се во државен карантин да не шират дезинформации.

– Основниот пакет во државниот карантин како сместувањето, трите оброка и водата го имаат сите кои се наоѓаат во државен карантин. Ако некој сака дополнителни услуги во хотелот да земе плус од она што е определено од државата тоа е нешто што се наплаќа. Мислам дека тука настануваат најголемите забуни, потенцира Спасовски.

Премиерот посочи дека секаде се обезбедува лекарска контрола и грижа врз основа на проценките кои ги прават лекарите и врз онсова на состојбата која ја имаме на терен.

– Колку повеќе недисцилина во спроведувањето на мерките, толку повеќе новозаболени и толку повеќе се отвораат услови за уште порестриктивни мерки. Затоа е многу важно сите во државата да помогнеме што е можно пократко да трае кризата и да имаме што е можно помал удар врз економијата. Сите да направиме се за да си помогнеме себе си и да и помогнеме на економијата. Владата ќе направи се како што прави и досега за да се заштитиме како граѓани и да и помогнеме на економијата, нагласи премиерот.

Спасовски прецизира дека досега има десетина лица кои не ја почитуваа мерката за самоизолација заради што беа  сместени во државен карантин. вј/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Апсурдно, Мицкоски врши партизација а ветува деполитизација

Спасовски со честитика за 55 години постоење на Хеликоптерската единица на МВР

Таравари итно хоспитализиран: Доживеав ненадеен колапс