Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Им посакуваме успех на Вучиќ и СНС во новиот мандат

Спасовски: Им посакуваме успех на Вучиќ и СНС во новиот мандат

Скопје, 22 јуни 2020 (МИА) – Премиерот Оливер Спасовски со објава на Фејсбук и посака успех во новиот мандат на Српската напредна партија (СНС) на српскиот претседател Александар Вучиќ, по вчерашната победа на парламентарните избори во Србија.

– На изборите одржани во Србија, претседателот Вучиќ и СНС ја добија поддршката од граѓаните. Посакуваме успех во новиот мандат. Во наредниот период, очекуваме досегашната соработка да биде интензивирана и продлабочена во интерес на граѓаните на двете држави, развојот и стабилноста во нашиот регион, и со тоа забрзување на интеграцијата во Европската Унија, наведе Спасовски во пораката на Фејсбук. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Ќура: Ископувањата околу изворот „Шум“ причина за матноста на водата во Струга

Кривична за поранешниот градоначалник на Росоман за противправно прибавени 500.000 денари од Буџетот на Општината

„Марш на ангелите“ во сабота – Граѓаните повикани на достоинствен собир за правда