Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Избори мора да има

Спасовски: Избори мора да има
Dik 300x250 mk

Струмица, 13 јуни 2020 (МИА) – Веќе нема потреба од вонредна состојба, и избори мора да има за да се вратат сите институции во полн капацитет затоа што ќе мораме да се справуваме и со пандемијата и со економската криза, изјави денеска во Струмица премиерот Оливер Спасовски.

-Во моменти кога не може да се договарат политичките лидери настапуваат институциите на државата. Веќе нема причина за нова вонредна состојба во државата, уредбата предидвидува дека 22 дена по завршувањето на вонредната состојба треба да се одржат изборите. Сите политички субјекти ги повикувам да излезат на политичкиот мегдан и да ги соочат своите концепти за иднината на државата и на основа на тие концепти да побараат поддршка од граѓаните. Република Северна Македонија има потреба итно да се вратат сите институции во полн капацитет и Собранието и нова политичка влада и сите институции затоа што ќе мораме да се справуваме и со пандемијата и со економската криза, меѓутоа имаме и многу проекти кои што треба да продолжат да се градат како капитални инвестиции. Така што, избори мора да има во државата, рече премиерот Спасовски, кој присуствуваше на увидот на завршните работи на новото болничко крило на струмичката болница заедно со министерот за зравство Венко Филипче и лидерот на СДСМ,Зоран Заев.рт/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Владата го достави предлог буџетот за 2026 година тежок 6,75 милијарди евра

Сиљановска-Давкова: Изборите беа сосема во ред, да се размисли за ограничување на градоначалничкиот мандат

Хаќим Рамадани по поразот во Брвеница бара работа само во приватни компании