Утрински Весник
Македонија

Спасовски: До крајот на неделава ќе се направат проценки дали е потребна нова вонредна состојба

Спасовски: До крајот на неделава ќе се направат проценки дали е потребна нова вонредна состојба
Dik 300x250 mk

Штип, 26 мај 2020 (МИА) – До крајот на наеделата ќе се направи проценка, дали е потребно прогласување нова, трета вонредна состојба, рече денеска премиерот Оливер Спасовски.

Како што изјави Спасовски при посетата на трафостаницата на МЕПСО во Штип, ако се увиди дека има потреба, вонредна состојба повторно ќе се воведе.

-Ако е потребно тоа, ако се неопходни условите дека преку вонредна состојба полесно се справуваме со целата оваа ситуација, тогаш ќе носиме и таква одлука. Меѓутоа сега во овој момент немаме одлука во однос на тоа, вели Спасовски.

Прашан дали се очекува политичките партии на нова лидерска средба да договорот датум за избори, Спасовски одговори дека политичките партии треба да се договорат врз основа на она што значи позитивни законски прописи во државата.

-Вонредната состојба, прекинот на вонредната состојба и ни остануваат уште 22 дена до изборите и тоа е нешто што сите политичари треба да бидат и одговорни и разумни во овој дел. Очекувам да се поттикне дијалогот меѓу политичките партии. Затоа што денеска се разговара и се зборува за интерес на државата и граѓаните. Ако најголем интерес е државата и граѓаните, тогаш мислам на минимум треба да се сведат личните или партиските интереси и одлуките да ги носиме во интерес на граѓаните и државата, вели Спасовски. вдј/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Двајца Охриѓани искршиле апарат во казино па се пресметале и со обезбедувањето – веднаш се уапсени

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања – затоа изгубија 140.000 гласови

Германец фатен со дрога на Табановце