Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Да ги почитуваме мерките, намерата не е да се казнува туку да се опоменува

Спасовски го честиташе Денот на Ромите: Различностите се наша предност

Скопје, 23 април 2030 (МИА) – Клучно во наредниот период ќе биде поголема активност, поголема видливост на полицијата, поголема видливост на редарските служби, во банките, во маркетите, во поштенските единици, сите да ги почитуваме мерките, тоа е за доброто, намерата не е да се казнува воопшто, намерата е да се опоменува, да се укажува на граѓаните, наведува на неговиот фејсбук-профил  премиерот Оливер Спасовски.

Тој, во однос на мерките преземени за пандемијата од Ковид-19, посочу оти е задоволен што нашите стручни луѓе, епидемиолози, Комисијата за заразни болести, многу навремено реагираат во насока на давање на предлози до Владата.

–  Горд сум што целата Влада преземавме многу рано, ако гледаме споредбено со државите од регионот, превентивни мерки што ќе помогнат во справувањето со коронавирусот, истакнува Спасовски.см/са/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кој бил во владиниот авион заедно со Мицкоски, прашува СДСМ

За две години зголемени плати на полициските службеници, социјалните работници, на вработените во образованието, здравството, во јавниот сектор, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Три тиквешанки мета на измама, полицијата апелира на внимателност