Утрински Весник
Македонија

Спасовски во посета на реконструираните спортски терени во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Сашо Тасевски денеска ги посетија реконструираните спортски терени во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“.

Како што информираат од ресорното министерство, станува збор за ново игралиште за мал фудбал со вештачка трева, големото фудбалско игралиште, како и систем за наводнување на игралиштето, наменети за потребите на припадниците на Единицата за брзо распоредување при МВР, донација од страна на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).


„Градежните и реконструкциски активности на спортските терени опфаќаат обновување на тревната површина на фудбалскиот стадион, реконструкција на водоводна мрежа на фудбалскиот стадион со црева и прскалки за наводнување и одржување на тревната површина, фудбалскиот стадион, поставување на 4 столбови со 16 рефлектори на фудбалскиот стадион, реконструкција на водоводна мрежа за малите фудбалски игралишта, поставување на вештачка трева со силикатна подлога на игралиштето за мал фудбал, поставување на фудбалски мрежи за головите на големото и малото фудбалско игралиште, како и донирање на фудбалски топки и делови од спортска опрема наменети за работните и спортски активности на припадниците на оваа Единица“, се наведува во соопштението на МВР.

Можете да прочитате

Отворена патеката „Македонија“ во Михајлово

Митева: Се уште нема информации за македонскиот државјанин кој исчезна по несреќата во Кран Монтана

Мицкоски: Линеарното зголемување ќе донесе плус 7.000 денари на пензиите до април 2026