Скопје, 29 јуни 2020 (МИА) – Овде во Арачиново, покажавме дека е можен и соживот и грижа за сите и денеска најавувам уште повеќе инвестиции за рамномерен регионален развој и со тоа и нови работни места и повисоки плати и пензии за сите, во брзата трансформација на економијата што следува, порача денеска во Арачиново носителот на листата на кандидати за пратеници на СДСМ во ИЕ 2, Оливер Спасовски.
Тој нагласи дека една Општина голема како Арачиново години и децении била оставена без детска градинка, а сега првпат ќе добие градинка, за којашто заокружувањето на проектната документација е во завршна фаза.
– Ние, во државава за само три години инвестиравме во градба и реконструкција на 44 градинки и определни се нови 15 милиони евра за заокружување на 70 новоизградени објекти за градинки, порача Спасовски.
Тој нагласи дека во Арачиново во изградба е канализационен систем долг 10,1 километри и инвестираме 106 милиони денари, а додека во сите останати општини во ИЕ 2 се вложени 814 милиони 441 илјада 489 денари за изградба и реконструкција на водоводна и канализациска мрежа.
– Интензивно работиме на локалната инфраструктура во целата држава и сме во фаза на отпочната изградба на дополнителни 500 километри водоводи и канализации. Ниту еден капитален проект не дозволивме да запре за време на здравстено-економската криза и продолжуваме и уште повеќе и уште подобро, со цел 34.000 денари просечна плата и 20.000 денари минимална плата во следниот мандат, повисоки пензии и нови работни места. Ние ги насочуваме пари кон граѓаните и се грижиме за сите на дело, додаде Спасовски.
Тој нагласи дека „режимот на Груевски обновен во Мицкоски“ знае само за поделби и насочува пари само во сопствени џебови, па затоа на овие избори СДСМ ќе ја остави ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, со цел, како што рече, прво самите себе да се обноват.
– И на овие избори, на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција ќе им се придружи и ДУИ, бидејки по 17 години власт немаат што да им кажат на граѓаните и затоа излегуваат со обновен национализам. Режимот и национализмот ги оставивме во мрачните времиња на минатото – тие се опасност, а ние продолжуваме заедно, во сигурна иднина, по правиот пат бидејки Можеме, бидејки покажавме дека можеме а во наредниот период можеме уште повеќе и уште подобро, порача Спасовски од Арачиново. сп/
Прес-конференција на носителот на ИЕ2 Оливер Спасовски #Можеме #СДСМ
[Во живо] Прес-конференција на носителот на ИЕ2 Оливер Спасовски
Posted by Oliver Spasovski on Понеделник, 29 јуни 2020