Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Вонредната состојба, која ќе трае 30 дена, не значи дека ќе замре животот на граѓаните

Спасовски: Вонредната состојба, која ќе трае 30 дена, не значи дека ќе замре животот на граѓаните

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Денеска се продолжува да финкционира во секојдневниот живот, исто како и вчера. Нема одлуки за нови рестрикции во движењето и извршувањето на професионалните обврски на граѓаните. Вонредната состојба не значи никаков застој во слободниот транспорт ниту во делот на прехранбените потреби на граѓаните, ниту во делот на потребите за лекови на болниците и аптеките, порача денеска премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција уверувајќи ги граѓаните дека со ваква состојба Владата ќе може полесно да се справи со проблемите кои произлегоа од коронавирусот.

-Ве уверувам дека воннредната состојба ќе ја совладаме на најдобар можен начин, професионално користејќи ги сите државни ресурси и почитувајќи ги сите законски прописи за успешно да се спречи коронавирусот. Затоа е потребно е да се однесуваме одговорно поитувајќи ги мерките и препораките. Во услови на вонредна состојба ќе покажеме дека дисциплинирано и сериозно секој од нас сме посветени за исполнување на обврските за општо добро и доброто на нашите деца. Вонредната состојба, која ќе трае 30 дена со можност доколку е потребно да се продолжи, не значи дека ќе замре животот на граѓаните, истакна Спасовски.

Премиерот уверува дека функциите на државата ќе продолжат да се остваруваат и во овие услови и порача дека правата и слобдите на граѓаните не се ограничуваат по автоматизам. Рече дека вонредната  состојба не значи никаков застој во слободниот транспорт ниту во делот на прехранбените продукти на граѓаните, ниту во делот на потребите за лекови на болниците и аптеките.

– Остануваат мерките со кои се забранети сите јавни собири на отворено и затворени објекти, за секоја нова мерка што ќе се носи јавноста ќе биде информирана на редовна дневна основа, а за спроведување на тие одлуки ќе бидат донесени соодветни упатства кој и како треба да се однесува, појасни премиерот.

Спасовски  упати порака до највозрасната популација да останат дома.

-Доколку имате некаква потреба обратете се до својата општина или во  Црвениот крст и побарајте помош. Остануваат препораките на Министерството за здравство, во објектите да се користат дезинфекциски и заштитни средства при секое излегување и контакт со трети лица. Лицата кои ќе почуствуваат симптоми на коронавирус да се јават на центрите за јавно здравје, апелираше Спасовски.

Премиерот појасни дека воведената воредна состојба не значи ново ограничување по автоматизам туку можност и олеснување на работата на Владата доколку е поттребно да се донесе уредба со законска сила . Секое непочитување на мерките и заклучоците на Владата, премиерот Спасовски реќе дека ќе биде најстрго санкционирано. бк/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор