Утрински Весник
Македонија

Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ги прекршува мерките и задолженијата

Спасовски:  ВМРО-ДПМНЕ секојдневно ги прекршува мерките и задолженијата

20 јуни 2020 

соопштение 

И во време на сериозна здравствена криза и пандемија, јасна е разликата меѓу одговорниот, транспарентен и чесен пристап на СДСМ и незрелиот, неодговорен и политикантски однос на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека СДСМ во целост ги почитува мерките и задолженијата, дејствува строго по утврдените протоколи, ВМРО-ДПМНЕ на чело со Христијан Мицкоски секојдневно ги крши мерките и задолженијата и ги прекршува забраните за јавни собири.

 

За претстојната кампања веќе изготвивме протокол по кој ќе се одвиваат сите наши предизборни и партиски активности.

 

Тоа значи дека сите присутни на јавен настан или состанок организиран од СДСМ мора да носат заштитна маска, да одржуваат растојание од 2 метри. Групирањето е забрането, а бројот на присутни на јавни настани и средби ќе биде со строга контрола, со најмногу 50 лица на јавна локација и 30 во затворен простор, со задолжителна физичка дистанца.

 

Заради заштита на населението од коронавирус СДСМ ќе води кампања која ќе биде  без настани на отворено со повеќе од 50 граѓани во публика; без настани на затворено со повеќе од 30 граѓани во публика; без митинзи и без активности од „врата до врата“.

 

И додека СДСМ функционира исклучиво во заштита на здравјето на сите граѓани, ВМРО-ДПМНЕ свесно и намерно ги крши сите протоколи и мерки за заштита со што здравјето на граѓаните го доведува во опасност.

 

Последен пример е партискиот собир на ВМРО-ДПМНЕ во Лисиче кога и самиот Мицкоски ја прекрши забраната за собири и учествуваше во масовен собир каде што имаше и физички поздравувања, не се држеше дистанца, а маски ретко кој и да носеше.

 

Јавноста беше сведок и како Мицкоски посетуваше тератани, се групираше на јавни места, како седел во дел од ресторан кој не смеел да работи, а за сето тоа време неговиот Наќе Чулев не реагираше ниту еднаш.

 

Тоа се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Напладне глумат загриженост за јавното здравје, а попладне истото го загрозуваат со кршење на мерките и забраните.

 

Ова е јасна разлика помеѓу вистинска грижа за здравјето на граѓаните од страна на СДСМ и свесно загрозување на јавното здравје од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.

 

Затоа,  ве повикувам секој еден од нас да биде дел од решението со коронавирусот и да ги почитува мерките за заштита.

Да го чуваме здравјето и на 15 јули да победиме и да ја пребродиме оваа криза заедно, единствени и сплотени, како што ни доликува.

Центар за комуникации СДСМ 

_________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Трипуновски на средба со Невена Јовановиќ, Амбасадор на Република Србија

Кривична пријава за обид за убиство во Радовиш

Со ниски даноци владата сака да привлече големи странски фирми да регистрираат фирми во Македонија