Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Спасовски: Владата не отстапува од мерките за Велигденскте празници, со тоа спасуваме животи

Спасовски: Владата не отстапува од мерките за Велигденскте празници, со тоа спасуваме животи
300x250 opst2

Скопје, 15 април 2020 (МИА) – Владата не отстапува ниту педа од одлуките и мерките кои се однесуваат на забраната за движење и за време на Велиденските празници, а кои се во интерес за заштитата на јавното здравје и во интерес на здравјето на секој граѓанин. Тие важат за секого, уште еднаш порача на неговиот официјален фејсбук профил вечерва премиерот Оливер Спасовски.

– Сите граѓани и сите чинители во општеството мора да ги почитуваат мерките на Владата, а тие се јасни и недвосмислени. Забрането е движење на сите граѓани во назначените часови во работните денови, а таа забрана е целосна за периодот од петок 16 часот до вторник 05 часот. Потсетувам дека е активна и забраната за групирање на граѓаните во групи поголеми од две лица, на јавни простори. Ова се активните ограничувања, одлуки и мерки и тие остануваат на сила и за време на велигденските празници.Владата не отстапува ниту педа од одлуките и мерките кои се во интерес за заштитата на јавното здравје и во интерес на здравјето на секој граѓанин. Тие важат за секого!, пишува Спасовски.

Тој посочува дека, навистина, денес поминуваме низ тешки искушенија и во однос на личните вредности и потреби и оти прв пат православните верници, наместо во храмовите, ќе треба да ги поминат Велигденските празници во своите домови.

– Четерисетдневниот велигденски пост ќе го завршиме со личен подвиг во кругот на нашето семејство и во нашите домови. Велигденските пораки за победата над смртта ќе ги упатиме од дома. Преку телефон, преку интернет, секој од своето семејство, од својот сопствен дом, а не собрани по роднини и гости. Тоа нема да не направи послаби верници – напротив, тоа ќе ни го зајакне духот, зашто сите знаеме дека со тоа спасуваме ЖИВОТ. Нашите животи зависат од однесувањето на сите нас – никој од нас нема право да загрози туѓ живот – а живот нема да загрозиме ако останеме дома. Да се здружиме сите и да го запреме вирусот кој му се закани на целото човештво. Народот и државата можат заедно да го спречат ширењето на вирусот, порача на фб статусот премиерот Спаосвски. вг/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Над 45 реализирани проекти во Росоман, поддршка за Стојан Николов за да продолжи напредокот

Екс директорот на АЕК, Орданоски, ќе биде координатор за дигитализација во Мепсо

Поднесена кривична пријава против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола со кои е стекната противправна имотна корист во висина од 106.200.000 денари