Утрински Весник
Македонија

Спасовски: Велигден годинава го прославуваме со саможртва за доброто на сите за да се заштитиме себеси и ближните и во мирот и спокојството на домот да победи животот за нова иднина

Велигденска честика на Спасовски до католичките верници: Празникот да го поминеме во мирот и спокојството на домот и да излеземе посилни и подобри

Скопје, 19 април 2020 (МИА) – Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски во видео-честитката по повод празникот Христово воскресение – Велигден до припадниците на православната верска заедница и до клирот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија,  истакнува дека оваа година еден од најсветлите празници ги минуваме во изолација како подвиг на секој од нас пред искушенијата, кои на светско ниво ги донесе оваа пандемијата и здравствено-економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19.

-Велигден е празник, кој го означува крајот на патувањето низ страдањата Христови и со кој ја славиме победата над смртта. Неретко се поставувало прашањето „Зошто Синот Божји дозволил да биде погубен и распнат?“. Но, токму воскресението и победата над смртта е Христовиот одговор на ова прашање како потврда за љубовта кон човекот. Затоа од нас годинава се очекува да ја совладаме нашата себичност, да понесеме саможртва за доброто на сите и овие денови да ги славиме во кругот на домот за да се заштитиме себеси и ближните. Во мирот и спокојството на домот да победи животот и да преминеме во нова иднина, истакнува во честитката премиерот Спасовски.

Претседателот на Владата во честитката нагласува дека празникот во  себе носи и солидарност и сострадание со другите и дека за да се справиме со овие предизвици и да ги ублажиме последиците неопходни се токму сочувство и солидарност од секој еден од нас.

-Велигден е и празник на надежта. Годинава се соочуваме со непознат и моќен непријател, кој ги искушува нашиот и животите на нашите блиски. Но, верувам дека од празникот со кој го славиме спасението сите ќе излеземе посилни и подобри. Во овие мигови на искушенија нека Божјиот благослов, преку празникот, ни даде добро здравје и духовна сила. Христос воскресна! Навистина воскресна! Останете дома, порачува премиерот Спасовски во честитката по повод Велигден. вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алиу: Онколошка амбулантска терапија наскоро ќе има во Тетово, Битола, Штип и ГОБ „8 Септември“

Вработените на Урологија се откажале од субвенции за телефони за да купат клими за болничките соби

Независните со сериозна шанса да му ги поматат сметките на Мицкоски на локалните избори