Утрински Весник
Спорт

Спалети: Му ветив на Елмас дека ќе се фрлам на теренот ако постигне уште еден гол

Спалети: Му ветив на Елмас дека ќе се фрлам на теренот ако постигне уште еден гол

Елиф Елмас го остави Наполи во Лига Европа. Репрезентативецот на Македонија, постигна два гола, во победата над Лестер (3:2). Наполи го освои второто место во групата, зад Спартак Москва и ќе игра во плеј-оф баражот за пласман во осмина-финалето.

Покрај херојот на Наполи, синоќа најсреќен беше тренерот Лучано Спалети. На крајот го исполни ветувањето што му го дал на Елмас и се фрли на теренот.

„Беше нервозен на полувремето, нешто не направил како што сакал. За да го смирам му ветив дека ако постигне втор гол ќе се фрлам на теренот. Не сакав да го сторам тоа веднаш, немаше да биде спортски, почекав да заврши натпреварот“, открил Спалети.

> Спалети: Му ветив на Елмас дека ќе се фрлам на теренот ако постигне уште еден гол <

Можете да прочитате

Скандал го тресе чешкиот фудбал – Масовни апсења

УЕФА го отфрли барањето на клубовите од Премиер лигата за проширување на составите за ЛШ

ФИФА откажа 2.000 хотелски резервации за СП 2026 година во Филаделфија