Утрински Весник
Спорт

Спалети го избркал Осимен од тренинг

Фудбалерите на Наполи со полна пареа се подготвуваат за стартот на новата сезона.
Наполитанците одиграа неколку подготвителни натпревари и сакаат да бидат во најдобра можна форма пред почетокот на сезоната во Серија А.

dobivaj vesti na viber

Лучано Спалети, од почетокот на подготвките, на играчите им покажува кој е главен на тренинзите. На своја кожа тоа го почувствува Виктор Осимен.

Имено, Осимхен на денешниот тренинг се скарал со Ангвиса, поради што ги загубил нервите и сакал да се пресмета со него, но тогаш Спалети решил да ги преземе работите во свои раце.

Спалети прво му одржа лекција на својот напаѓач, а потоа го отстрани Осимхен од тренингот и му порача да оди во соблекувалната.

Тоа го направи бидејќи на Осимхен гестикулирал со рацете додека тренерот му зборувал.

Можете да прочитате

Лазаров повика 35 ракометари за подготовките за ЕП 2026

Љубослав Пенев се бори за живот

Почина легендарниот италијански тенисер Пјетрањели