Утрински Весник
Македонија

Со швајцарска донација пренос во живо на седниците на Советот на Општина Берово

Со швајцарска донација пренос во живо на седниците на Советот на Општина Берово

Берово, 12 март 2020 (МИА) – Седниците на Советот на Општина Берово од денеска може да се следат во живо. Овозможувањето на граѓаните директно да се запознаат со работењето на Советот, според градоначалникот Звонко Пекевски, значи нов почеток за локалната демократија во Берово.
– Опремата која што ја доби општина Берово, за пренос на седниците во живо, е дел од проектот во вреден 3,4 милиони швајцарски франци, обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка SDC. Го спроведува Програмата за развој и соработка UNDP, во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women, рече Пекевски.
Главната цел на проектот „Зајакнување на општинските совети“, преку кој е обезбедена опремата за пренос на седниците во живо, како што додаде, е да ги зајакне општинските совети, да станат поефективни и автономни тела и подобро да се справуваат со влијанието на извршната власт, преку соодветно исполнување на својата уставно доделена улога за одлучување, надзор и застапување.
Меѓу позначајните точки кои беа усвоени на денешната 31. седница која се уште е во тек е завршната сметка на општината за 2019 година, како и финансиските извештаи за работењето на воспитно-образовни установи за минатата година.вс/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер