Утрински Весник
Македонија

Со фалсификувани ПЦР тестови затекнати на граница шест лица

Зголемена фрекфенција на Ќафасан, за излез се чека 30 минути

Полицијата вчера уапси шест лица на граничниот премин Деве Баир, поради фалсификувани ПЦР тестови.

Станува збор за петмина скопјани и едно лице од Кавадарци кои се приведени под сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“.

„На 29.01.2021, при извршени проверки било утврдено дека нивните ПЦР тестови не биле издадени од соодветна клиника. Одземени биле вкупно шест ПЦР тестови на нивно име, шест мобилни телефони, како и нивните патни исправи со потврда за привремено одземени предмети. Заедно со одземените предмети тие биле предадени во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка“, информираат од МВР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Министерство за правда: Протестот на студентите е обид за политичка манипулација и етничка реторика

Мицкоски: Целосно се реконструирани 6 операциони сали во Клиничкиот центар „Мајка Тереза”

 Син со над 2 промили алкохол со денови ги малтретирал родителите