Утрински Весник
Македонија

Со скринингот во градинките досега опфатени 581 вработен, откриен еден заболен од Ковид-19

Заболеното дете од корона вирус од Штип е со лесна клиничка слика и се лекува дома

Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие направени се 184 тестирања во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни. Од нив, 112 се направени преку лабораторијата на Институтот за јавно здравје, а опфатени се 106 лица од Битола и 6 лица од Велес, со што практично започнува и тестирањето на вработените во градинките во Велес.

Преку лабораторијата на МАНУ тестирани се и 72 вработени во скопските градинки. Тестирањето на вработените во скопските градинки ќе продолжи и следните денови, а во Битола во изминативе три дена е завршен скринингот на сите 322 вработени во градинките.

Согласно денешниот извештај на ИЈЗ, со скринингот на вработените во градинките кој започна пред три дена, досега е направенo 581 тестирањe, а потврден е само еден позитивен случај на Ковид-19. Сите останати тестирани лица се негативни на вирусот. Единствениот позитивен случај на Ковид-19 кај вработените во градинките е регистриран во Битола, информираат од Министерството за здравство.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме