Утрински Весник
Свет

Со пушка се прошетал низ центарот на Брчко, па седнал во кафуле, гостите се разбегале

Синоќа околу 21 часот низ центарот на Брчко (БиХ) прошетал маж носејќи автоматска пушка, пишува „nezavisne.com“.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, мажот потоа влегол во кафуле на Трг младих, од каде гостите веднаш се разбегале. Вооружениот кратко потоа влегол во возилото и се оддалечил во непознат правец.

Од полицијата на округот потврдија дека примиле неколку пријави и дека набрзо потоа го уапсиле осомничениот.

„Полицијата на округот Брчко на Босна и Херцеговина за многу кратко време го пронајде лицето и го лиши од слобода“ – изјавила Џевида Хукичевиќ, портпарол на полицијата на Брчко.

Можете да прочитате

Русија го осуди нападот врз иранскиот објект за збогатување ураниум во Натанз

Иранскиот комплекс за збогатување уран Натанз е погоден во напади од воздух

Иранските напади врз американски бази предизвикаа штета од 800 милиони долари