Утрински Весник
Македонија

Со проектот „Бесконечно царство“ ќе се креираат аудио приказни за деца

Со проектот „Бесконечно царство“ ќе се креираат аудио приказни за деца

Аудио приказни за деца „Бесконечно царство“ е нов проект на медиумскиот едукатор Николина Атанасова, во соработка со порталот Glasno.mk. Се работи за авторски приказни од македонски писатели, актери, ентузијасти и креативци, кои децата ќе може да ги слушаат преку Youtube каналот на Атанасова.

„Децата до две години треба да слушаат, но не и да гледаат во екраните. Затоа, идејата е да креираме содржини кои децата ќе ги восприемаат преку аудио. Возраста не е ограничена, може да ги слушаат и деца до осум години. Така тие ќе може да учат нови зборови додека си играат или имаат други активности“ – изјави за „Мета.мк“, Николина Атанасова.

Станува збор за авторски проект, како што вели таа, кој поради финансиски причини и лични обврски, за сега ќе се објавува еднаш месечно.

Денеска во 18 часот е закажана премиерата за првата аудио приказна „Тажниот осамен змеј“.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Реката Вардар во Гостивар во загрижувачка состојба

Мицкоски: Во моментов имаме доволно нафтени деривати

Наунова со ултиматум: Ако за три дена нема токсиколошки наоди, ќе протестираме пред Судска медицина