Утрински Весник
Македонија

Со прва доза вчера се вакцинирани 2.057 граѓани

Со прва доза вчера се вакцинирани 2.057 граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 763.965 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 2.057 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 13.493 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 1.411.735 дози вакцини, а ревакцинирани се 647.769 граѓани.

Со последните бројки 55 проценти од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30 отсто од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

Можете да прочитате

Николоски во Брисел: Напредок на инфраструктурните проекти и најави за нови тендери

Мицковски му кажал на градоначалникот на Струга дека од старт го разочарал: Советниците на ВМРО ДПМНЕ нема да го подржуваат

Трипуновски во „Клик Плус“: Има сомнежи за многу нерегуларности во министерството за земјоделство, поднесени се шест кривични пријави