Утрински Весник
Македонија

Со поддршка од централната власт се реконструираат патишта во Врапчиште

Со поддршка од централната власт се реконструираат патишта во Врапчиште

Mинистерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска беше во посета на општина Врапчиште каде започнува реконструкцијата на патниот правец до Зубовце.

Патот во должина од 2 километра се реконструира од страна на Министерството за транспорт и врски, со средства обезбедени преку заем од Светска Банка. Според договорот, се очекува патниот правец во целост да биде завршен за седум месеци.

„Реконструкцијата на овој патен правец беше по барање на жителите и верувам дека со неговата санација ќе се обезбеди подобра комуникација меѓу овие населени места, но и поголема безбедност. Би сакал да истакнам дека во овој момент со општината работиме и на реконструкција на водоводната мрежа за село Врапчиште, проект вреден 20 милиони денари. Преку овој проект се врши проширување на водоводна мрежа во со цел да се покријат сите делови на селото во рамки на урбаниот опфат а во согласност со новиот урабинистички план за Врапчиште“, изјави Бочварски.

Министерот најави дека во втора фаза ќе се реконструира и патинот правец од Врапчиште кон населеното место Галате, исто така со поддршка од централната власт.

Градоначалникот на општина Врапчиште, Исен Шабани, во своето обраќање кажа дека овие инфраструктурни проекти ќе овозможат подобра комуникација меѓу населените места и ќе влијаат на зголемување на економскиот развој на општината.

 

 

Можете да прочитате

Филипче бара расчистување на случајот со нападот врз Арсовска и санкции за сторителите

Од утре нов раст на температурите

Tошковски: Лага е дека нападот врз Арсовска се случувал пред полицијата