Утрински Весник
Македонија

Со ограничувањето на маржите го штитиме стандардот на граѓаните, велат од СДСМ

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Со ограничувањето на маржите за основните производи, го штитиме стандардот на граѓаните, велат од СДСМ преку соопштение.

Според нив, Владата во време на најголемата светска економска криза продолжува со мерки за ублажување на ценовиот шок и заштита на стандардот на граѓаните.

„Започнува да се применува мерката за ограничување на маржите за основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало.

Трговска маржа од 5 проценти е утврдена за леб, шеќер и сончогледово масло.

За брашно, макарони и шпагети, македонски ориз, кравјо млеко и јајца маржата се ограничува на најмногу 10 проценти.

Одлуката за замрзнување на маржата на одредени производи со цел ограничување на растот на цените ќе важи до 30 септември оваа година, со можност да продолжи до крајот на годината.

СДСМ како одговорна партија и во време на криза продолжува со вистинска грижа за сите граѓани, со мерки за заштита на стандардот на народот и ликвидноста на компаниите“, се додава во партиското соопштение.

Можете да прочитате

Уапсен 24-годишник на блокадата кај Пластичарска нападнал полициски службеник

Во Собранието денес ќе се бираат нови министри

Набавка на 100 нови амбулантни возила и уредување на паркингот кај Клиничкиот центар