Утрински Весник
Македонија

Со ноќен радар 252 казни за брзо возење

Во текот на изминатата вечер (28/29.07.2022) во периодот од 22.00 до 02.00 часот МВР со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 252 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 204 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 48 надвор од населено место.

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Перински: Воспоставена база на експерти за стручна поддршка на општините, повикот повторно отворен за аплицирање

Николоски: Директни летови од Охрид до Братислава и Милано, нови туристи и можности за економијата

Изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител утре на собраниска седница