Утрински Весник
Македонија

Со ноќен радар изречени 91 санкции за брзо возење на територија на цела држава

92 санкционирани возачи во Скопје, 29 за брзо возење

Во текот на изминатата вечер (22/23.08.2022) во периодот од 21.00 до 02.00 часот Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 91 возач.

dobivaj vesti na viber

Од нив, три возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 67 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 24 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Можете да прочитате

Во пукање на влезот на скопско Батинци убиен припадник на Армијата кој бил на користење слободен ден

ДУИ: Правичната и соодветна застапеност не е привилегија, туку уставно загарантирано право

ЦУК: Активни четири пожари на отворен простор, шест локализирани и два под контрола