Утрински Весник
Свет

Со мешањето на овие две вакцини се добива подобар имунолошки одговор на коронавирусот

Со мешањето на овие две вакцини се добива подобар имунолошки одговор на коронавирусот

Ако кај лицата кои како прва доза примиле вакцина на „Астразенека“ како втора доза им се даде вакцината на „Фајзер“, тоа ќе произведе подобар имунолошки одговор против коронавирусот, заклучи студија на Оксфорд.

Студијата, наречена Ком-КОВ, спореди мешана употреба на две дози од вакцините на „Фајзер“ и „Астразенека“ и откри дека тие произведуваат високи концентрации на антитела против коронавирусот во која било комбинација, објави „Ројтерс“.

Податоците ја поддржуваат одлуката на некои европски земји кои започнаа да нудат алтернативи на „Астразенека“ за втората доза откако беше утврдено дека вакцината е поврзана со појава на ретки тромби.

Најголем број на антитела е забележан кај луѓе кои примиле две дози од вакцината на „Фајзер“, што дало подобри резултати отколку по приемот на две дози од вакцината на „Астразенека“.

Дозата на вакцината „Астразенека“ проследена со „Фајзер“ произвела поголем број антитела отколку во случајот на прва доза вакцина од „Фајзер“ проследена со втора доза од вакцината на „Астразенека“.

Можете да прочитате

Пожар ја зафати главната сцена на фестивалот Tomorrowland

Трамп: Ракетите „Патриот“ за Украина се веќе на пат

Во Украина ќе биде испратена воена опрема вредна милијарди долари, најави Трамп