Утрински Весник
Македонија

Со ловечка пушка се повредил додека го пасел добитокот

Со ловечка пушка се повредил додека го пасел добитокот

Четириесет и тригодишен маж од неготинското село Долни Дисан е тешко повреден откако со ловечка пушка си нанел повреди. Според пријавеното, инцидентот се случил вчера утрото додека го напасувал добитокот во атарот на селото. Човекот со тешки повреди итно бил донесен во Итната медицинска помош

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од Полициската станица Неготино.

Од домот на П.Д. за понатамошна постапка биле подигнати ловечка пушка „Баикал“ калибар 16мм и дозвола за оружје и ловечка легитимација, двете на негово име. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Следните избори ќе бидат борба за правото, реформите и враќање на достоинството на Македонија, порача Мицкоски

СДСМ: Мицкоски заборава кој му е во коалиција – луѓето што ја направија транзицијата се во ЗНАМ

Сиљановска-Давкова: Целта е да се нагласи важноста на меѓународната научна соработка